Skip to main content

црвен крст – охрид

Со едукативна работилница Црвен крст – Охрид ја одбележа Неделата на борба против дијабет

Во просториите на Црвен крст Охрид се одржа едукативна работилница и презентација со цел кревање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.
 |  инфодеск  | 

Во периодот од 10-16 октомври традиционално се одбележува Неделата на борба против дијабет.

Под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, во просториите на Црвен крст – Охрид се одржа едукативна работилница и презентација со цел кревање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на дијабетесот.

На самата едукација волонтерите имаа можност да се запознаат со начините на превенција, симптомите и различните типови на болеста како и да ги тестираат нивните знаења за дијабетесот, информираат од Црвен крст – Охрид.