Секоја година на 18 октомври на национално ниво се одбележува Европскиот ден на борба против трговија со луѓе.
По тој повод, на 18.10.2024, Црвен крст Охрид организираше информативно едукативна работилница за превенција на трговија со луѓе во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, која беше спроведена од страна на врснички едукатори за трговија со луѓе – Теона Талевска и Лија Камбер .
-Учесниците на оваа едукативна работилница имаа можност подобро да се запознаат со видовите на трговија на луѓе како и нивната превенција, информираат од Црвен крст Охрид.