Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип
Денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи како повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Според надлежните, досега на интернет-страницата вакцинација.мк се пријавиле 33 000 граѓани.
Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации низ целата земја, а пријавените ќе добијат СМС порака со деталите за местото и времето.
Од Комисијата за заразни болести, потсетуваат дека вакцинацијата е најдобар начин за заштита од тешки форми на грип.
Обезбедени сe 70 илјади бесплатни вакцини. За граѓаните кои не се дел од ризичните групи, во Центрите за јавно здравје се достапни и комерцијални вакцини.