Собрани над 2 милиони икри
Успешно се одвива вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Собрани се над 1.900.000 икри кои се во границите од очекуваните 2 милиони. Со овој податок е надминат првичниот песимизам за мрестот на овој ендемичен вид кога стартот покажуваше дека популацијата на пастрмката е драстично намалена.
Успешно се одвива вештачкиот мрест на охридската пастрмка. Собрани се над 1.900.000 икри кои се во границите од очекуваните 2 милиони. Со овој податок е надминат првичниот песимизам за мрестот на овој ендемичен вид кога стартот покажуваше дека популацијата на пастрмката е драстично намалена. Споредено со 2009 година годинешниот мрест е далеку попозитивен, истакнува Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот институт. Езерото ќе биде порибено со поголем број на риби бидејќи годинава има помала загуба на оплодените икри. Тоа се должи на новата инсталација која за прв пат се користи во нивната установа за инкубација на икрата од охридската пастрмка.
Како што е познато, од 2005 година се практикува метода со која по собирањето на икрата уловените матици се враќаат живи во езерото.
Неповолните временски услови имаа големо влијание врз годинешниот вештачки мрест на пастрмката. Невообичаениот висок водостој на езерото беше пропратен и со силни ветрови. Тие пак, придонесоа за движење на големата водна маса која имаше негативен одраз врз вештачкиот мрест. Пастрмката за мрест бара мирни води, но подводните струења кои се во обратен правец на ветрот, ја тераат рибата наместо во поплитки региони, да се мрести во подлабоки води.
За годинешниот мрест во лов на пастрмката се ангажирани и поголем број рибари, но и 18 лица кои го чуваат езерото од рибокрадци. Инаку, ловот на пастрмката за вештачко мрестење ќе трае до крајот на месецов.
{loadposition content}