Викендов на стрелиштето Бејбунар во Охрид се одржа третиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма, на кој учество зедоа 50-тина стрелци.
Кај нашите стрелци во дисциплината возудушен пиштол – јуниори, најуспешен беше младиот Климент Мостро од ЖСК„ Лихнидос”, кој со резултат од 539 круга се пласира на првата позиција. Во истата дисциплина Иван Милевски од СК ,,Охрид’’ се пласира на втората позиција со резултат од 530 кругови. Голем резултатски скок за младиот Никола Тодороски од СК ,,Охрид“ во однос на претходниот Куп за цели 22 кругови, со што си обезбеди пласман на третата позиција со резултат од 517 кругови.
Кај сениорите на пиштол, Даниел Михајловиќ од ЖСК ,,Лихнидос“ се пласира на 2-та позиција со резултат од 540 круга, додека неговите клупски другари Ванчо Каранфилов и Велибор Балоски се пласираа на 4-тата и петата позиција со идентичен резултат од 537 кругови (според најдобра последна серија од резултатот). На шестата позиција се пласира Светлан Седмаков од ЖСК ,,Лихнидос“ со резултат од 514 круга.
Кај јуниоките на пиштол, овајпат пријатно изненадување приреди Наталија Савеска која ја зазеде третата позиција со резултат од 519 круга. Нејзината клупска другарка Стефани Савеска овајпат мораше да се задоволи со четвртата позиција со резултат од 510 кругови. На 7-мата односно осмата позиција се пласираа Милица Кочовска односно Ана Мостро, за која воедно ова е и прв настап.
Кај сениорките на пиштол вицешампионска позиција за тренерот на охридските клубови, Валентина Гоџоска со резултат од 504 кругови.
Кај сениорките на пушка, нов личен рекорд и пласман на првата позиција за Ива Маленко со резултат од 606,3 кругови.
Кај јуниорките на пушка нема место на пиедесталот за стрелците од охридските клубови. Така Ана Танеска од ЖСК ,,Лихнидос“ се пласира на 6-тата позиција со резултат од 582,6 круга, Теодора Спироска од СК ,,Охрид се пласира на 8-мата позиција со резултат од 579.5 кругови, Драгана Локоска на 9-тата позиција со резултат од 564,9 кругови. Свој дебитантски настап имаше и малата Ирина Кусева од ЖСК ..Лихнидос“ која со резултат од 546,4 кругови се пласира на 11-тата позиција пред Деа Стојаноска од СК,,Охрид“ и Тамара Кичеец од ЖСК ,,Лихнидос“ за која истотака ова е прв настап на Куповите во организација на МССФ.
И на крај, повторно резултатски пад за Кристијан Балоски од СК ,,Охрид“ кој во јуниорска категорија во дисциплината пушка се пласира на 7-мата позиција со резултат од 570.9 круга.
Веќе од денес започнуваат подготовките за следното меѓународно натпреварување во Благоевград, Р. Бугарија, како и подготовки за големите интернационални првенства во Смедерево, Осијек, Загреб и Белград, кои важат за членовите од охридските клубови во составот на државната репрезентација.