„Скопје за Хаити и Чиле“
На првата програма на Македонската телевизија, утре во 20 часот ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“
На првата програма на Македонската телевизија, утре во 20 часот ќе биде реализирана специјална хуманитарна манифестација „Скопје 1963 за Хаити и Чиле 2010“
Организатор на хуманитарната манифестација е градот Скопје, како град на солидарноста, а целта е да се соберат што повеќе финансиски средства за помош на настраданите градови во овие две латиноамерикански земји, што беа погодени од катастрофални земјотреси со многу човечки жртви.
Парите ќе бидат собирани преку јавувања од сите телекомуникациски оператори во земјава, а на отворените телефони ќе се јавуваат актуелните министри од Владата на Република Македонија, познати личности од јавниот живот, како и градоначалниците на сите скопски општини.
Во емисијата што ќе ја реализира „Томато продукција“, ќе гостуваат познати македонски пејачи и јавни личности. Специјално за оваа пригода Каролина Гочева и членовите на „Златно славејче“, премиерно ќе ја изведат преработката на големиот хит на Витни Хјустон „Секогаш ќе те сакам“ (I will always love you).
{loadposition content}