Skip to main content

ухмр

Продолжува периодот на стабилно време и пониски утрински температури

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
trski Ohridsko ezero foto: Gjoko Simjanoski

Утрото студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени, велат од УХМР.

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 5 до 18 степени Целзиусови.