Треба да се стремиме Македонија да прерасне во позната гастро дестинација
Нашата земја треба да се стреми да прерасне во позната гастро дестинација. Да се привлекуваат гости со вкусната, традиционална, но и здрава храна. Треба да се работи на креирање на гастрономска приказна од оброци и производи подготвени по традиционалните вековни рецепти. И не само да се нудат и промовираат, туку и да се брендираат македоснките локални специјалитети.
-Ние треба да се специјализираме токму на нашето и дека треба да го брендираме нашето. Начинот како да создадете свој специјалитет како да вашиот ресторан иако може да е од типот селско домаќинство или етно ресторан, гостилница… Сржта на Македонија е во етно рестораните и етно туризмот каде секој еден турист што ќе дојде сака да ја слушне нашата историја и да ја проба нашата храна, и пркеу неа да ја почуствува Мекедонија , вели Адријана Алачки претседател на Гастромак.
Брендирањето на локалните производи и македонските специјалитети е идентитет и можност за промоција на уникатните гастрономски деликатеси на земјава ширум светот.
-Како да дојдете до сопствен бренд во својот ресторан користејки ги исклучиво домашните продукти, локалните продукти од каде што потекнуваме. Македонија има многу ресурси, имаме многу полиња со кои што треба да се браниме во светот условно кажано да го чуваме негуваме нашето и да работиме на иднината.
Со брендирањето на македонските производи, ајвар, пинџур, маџун, слатко, мед,пити, зелници, и вкусните готвени специјалитети ќе се гради препознатлива гастро дестинација.
АППТ лани изработи и Илустрираната гастрономска карта на која се мапирани регионите со традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е патниците да доаѓаат на гурманска тура низ земјава и да уживаат во регионалните вкусови.
Новинар Соња Рилковска