Skip to main content

Започна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed”

Турнирот продолжува денеска со нови четири средби по групи.
 |  инфодеск  | 

Со натпреварите од 1 коло по групи, синоќа во салата „Билјанини извори” започна хуманитарниот турнир во мал фудбал „Ohrid Freed”, кој се игра во чест на празникот 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашизмот.

Второто издание на турнирот на кој учествуваат 16 екипи беше отворено со куса церемонија и интонирање на химната на Македонија.

На стартот на турнирот силите ги одмерија Хотел Инекс Олгица и  РЕК Битола. Во интересен меч Хотел Инекс Олгица славеше со 3:2.

Возбудувањата не изостанаа ниту на вториот натпревар помеѓу ЛТХ Леарница и ЈП Водовод Охрид кој заврши со резултат 2:4.

Во третиот меч Гостилница кај Мече убедливо ја совлада екипата на ЈП Нискоградба Охрид со 5:0. Убедлива победа во последниот натпревар извојува екипата на Костал Македонија која го совлада ЈП Колекторски Систем со 6:1.

Резултати од хуманитарниот турнир во мал Фудбал „Ohrid Freed” 24.10.’24

Хотел Инекс Олгица – Рек Битола 3:2
ЛТХ Леарница – ЈП Водовод Охрид 2:4
Гостилница кај Мече – ЈП Нискоградба Охрид 5:0
Костал Македонија – ЈП Колекторски Систем 6:1

Турнирот продолжува денеска со нови четири средби по групи во кои се среќаваат:

19:00 Кафе Бар 9 Струга – Провелд Матал Дизајн Волино
20:00 Магна – ЈП Комуналец
21:00 АСП ПАК – Бел Мерцедес
22:00 ОДВ Електрик – Општина Охрид

Г.М.
Фото: OhridNews