Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ повторно на репертоарот пред охриѓани во вторник
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски, на барање на публиката повторно на репертоарот во вторник 05.11.2024 година, со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Шминка и фризура: Студио Арс Нова.
Ова е прва изведба на преставата по добиената награда на меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија” во Куманово, на актерката гостин Марија Новак која ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, информираат од Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Картите се пуштени во продажба од денес (29.10.2024 г.), цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.