Наутро по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.
Во Охрид температурите ќе се движат од 5 до 17 степени Целзиусови.