Skip to main content

На Југозападниот регион му е потребен државен дом за стари лица

Во Југозападниот регион се погласно се зборува за потребата од Дом за стари лица. Старечкиот дом кој се гарди во Далјан нема да ги исполни очекувањата затоа што ретко кој пензионер ке може да се смести во него ако нема субвенции од државата.
 |  инфодеск  | 

Се зголемува бројот на возрасната популација а со тоа расте и потребата од Дом за стари лица. Во целиот Југозападен регион нема дом за сместување, грижа и престој за старите лица.

Од здружението на пензионери велат луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.

За достоинствено, квалитетно и активно стареење , во време кога иселувањето на младите е тренд, повозрасната популација се погласно бара дом за нивно згрижување.

Отсекогаш сме ја истакнувале потребата за изградба на Дом за стари лица во општина Охрид од причини што во блиската околина немаме дом за стари лица Дополнително во псоелдните две децении младите ги напуштија нашите простори останаа само старите лица а како поминува времето тие не можат сами да опстојуваат а со тоа и Домот за стари лица станува се поголема пoтреба, вели Васил Маркоски претседател на Здружението на пензиоенри Охрид и Дебрца.

Пред точно десет години беше најавено дека ќе се гради современ Дом за стари лица во населбата Далјан, овој објект се очекува да биде отворен наскоро, но нема да ги исполни очекувањата на пензинерите. Ќе биде приватен старечки дом каде ретко кој пензионер со својата пензија ке може да се смести, ако нема субвенции од државата.

Се гради дом за стари лица во населбата Далјан меѓутоа со нашите пензии ниеден пензионер не ќе може да биде сместен таму бидејки не ќе може да ги покрие трошоците. Изградба на државен дом тука имаше и разни предлози дури не мора да се гради нов објект имаме ние објекти во општината кои се останени на забот на времето да пропаѓаат а се државни може да се искротисти некој таков објект. Таков еден е во Сливоски анови не треба домот за стари лица ба биде во центар на градот, додава Маркоски

И струшките и охридските пензионери бараат министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери и локалните самоуправи да преземат мерки за што поскоро регионот да добие државен Дом за стари лица.

Новинар Соња Рилковска