Денеска околу 11 часот и 50 минути при уривање на стариот дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад загинаа 14 лица,.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во спасувањето учествувале околу 80 спасувачи од повеќе градови и дека тие биле на местото на несреќата неколку минути по повикот.
-Тоа е стара градба, тоа значи големи количества бетон и конструкција, тоа е голем удар. Падот врз луѓето долу се случи ненадејно. Едно лице, машко, било донесено во болница поради ампутирани нозе. А тие две жени кои беа спасени пред малку се единствените преживеани– изјави министерот Дачиќ за српските медиуми.
Утре во Србија е прогласен ден на жалост, а на територијата на Нови Сад е прогласена тридневна жалост почнувајќи од утре.