Skip to main content

Еруптираше вулкан во источна Индонезија

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.
 |  инфодеск  | 

При ерупција на вулканот Левотоби Лаки-лаки во источна Индонезија, погинаа најмалку 10 лица, а жителите на околните села се евакуирани.

Портпаролот на Центарот за вулканологија изјавил дека по ерупцијата дошло и до прекин на електричната енергија, а веднаш потоа врнело дожд, проследено со силни молњи, што предизвикало голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот. Огнена лава и вжештени камења погодиле села оддалечени седум километри од кратерот, а изгорел и католички манастир.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност на повеќе тектонски плочи.