Во сабота средба на граѓани и дискусии на плоштад под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“
Во организација на иницијативата „Збогум Буково“ под мотото „Без здравје сѐ е ништо! Збогум Буково“, во сабота, на 9ти ноември на Градскиот плоштад во Охрид, од 12:00 часот ќе се одржи средба и дискусии за неопходноста од итно затворање на депониите „Буково“ и „Мауцкер“.
„Иницијативата ‘Збогум Буково’ и нејзините поддржувачи ве повикуваат сите вас, драги сограѓани на дружење и муабет на една од најважните теми за сите нас, особено за нашите деца и внуци. На овој настан ќе добиете можност да ја изразите својата поддршка на основната мисија на нашето здружување, а тоа е распознавање на сериозноста од ненавременото решавање на проблемот со дивите депонии Буково и Мауцкер, уште посериозната потреба за надминување на сите пречки за започнување на изградбата на Регионалната депонија и важноста од санирање и ремедијација на дивите депонии од докажан и сериозен оператор во областа.„ – велат организаторите.
Оттаму додаваат дека нивната визија е Буково да биде место за пикник за идните генерации, наместо извор на загадување.