црвен крст – охрид
Утре ќе се одржи крводарителска акција во СВР Охрид
Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.

Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.
Утре, среда 6.11.2024 со почеток во 9 часот во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.
– Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен Крст Охрид.
Акцијата ќе трае до 12 часот.




