Денеска во Магна ќе се одржи показна вежба за евакуација и спасување при елементарна непогода
СВР Охрид, ќе биде дел од институциите кои денеска (06.11.2024 година), во 10.30 часот, во компанијата „Магна” во индустриската зона во Струга, ќе учествуваат во реализација на показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио по случена елементарна непогода Целта на показната вежба е увежбување на надлежните служби и подигнување на степенот на подготвеност и координираност за навремено, соодветно и ефикасно делување и евакуација во случај на елементарни непогоди и други несреќи.
Показната вежба, воедно ќе значи и можност за проверка и ажурирање на оперативните планови на компанијата и другите надлежни служби и утврдување на потреби и дополнувања заради поефикасна примена на предвидените безбедносни протоколи, стои во соопштението од СВР Охрид.
Во реализација на показната вежба, ќе учествуваат и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалните противпожарни единици од Охрид и Струга, Здравствен дом Струга и Црвен крст. Од СВР Охрид апелираат до граѓаните и учесниците во сообраќајот да ги почитуваат насоките на полициските службеници.