Охрид го празнува Денот на ослободувањето, 7- ми ноември. 80 години градот живее во мир со стремеж кон просперитет и благосостојба, секогаш сеќавајќи се со должна почит кон оние кои ги положија своите животи за слободата.
Градот Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, под притисок на германските сили тие се повлекле. После борбите помеѓу партизаните и германските сили, ноќта меѓу 7-ми и 8-ми ноември градот е ослободен. На олтарот на слободата на нашиот град останаа на вечна стража 40-тина храбри борци, а повеќе од шеесеттина борци беа ранети.