Skip to main content

Пред која спомен-плоча требаше да се поклониме за Денот на ослободувањето на Охрид?

Граѓаните очекуваа повторно да биде поставена спомен плочата која сведочеше за историски настан од антифашистичката борба на македонскиот народ и да им се оддаде почит на борците.
 |  инфодеск  | 

Повторно актуелна темата околу бесправната градба на „Димитар Влахов“, и тоа ден потоа од Денот на ослободувањето на Охрид.

Граѓаните очекуваа повторно да биде поставена спомен плочата која сведочеше за историски настан од антифашистичката борба на македонскиот народ и да им се оддаде почит на борците.

„Ние сликавме од сите страни, од лево, од десно, од предната страна. Се надевавме дека ќе ја видиме повторно плочата како што и доликуваше, таа треба да стои токму на ова место, така беше ветено од градоначалникот дека ќе биде поставена повторно.“, велат нашите сограѓани за Ти Си Твојот Град.

Основното јавно обвинителство Охрид за овој објект по спроведената истражна постапка минатата година, на 30 септември оваа година поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Бесправно градење.

Инаку, ТВМ и претходно пишуваше за овој објект кој ја разбранува охридската јавност, но, за жал одговорните немаат слух за оваа значајна градба во нашиот град. Исчезна куќата каде на 26 и 27 ноември 1941 година бугарскиот воен суд во Охрид ги осудил на смрт со бесење Лазар Колишевски и Петре Пирузе, додека Кирил Главинчев, Андон Дуков и Јаким Спироски биле осудени на повеќегодишна затворска казна поради организирање вооружено востание против бугарскиот фашистички окупатор.