Skip to main content

Oпштина Охрид како дел од Иницијативата за отпорни градови Making Cities Resilient 2030 (MCR2030)

MCR2030 во рамки на Канцеларијата на Обединети Нации има за цел да обезбеди градовите да станат инклузивни, безбедни, еластични и одржливи до 2030 година.
 |  инфодеск  | 

Oпштина Охрид беше промовирана како дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Регионалната платформа за намалување на ризици од катастрофи во Европа и Централна Азија за 2024, која се одржа минатата седмица во Будва, Црна Гора.

Во рамки на тридневниот настан на кој учествуваа лидерите за цивилна заштита и над 700 учесници од 55 замји-членки на ОН, на претставниците на Општина Охрид им беше доделен сертификат за официјално учеството во иницијативата MCR 2030. Дел од оваа иницијатива се и општините Ѓорче Петров и Гази Баба.

Покрај министерската тркалезна маса и сесиите на високо ниво, учесниците на платформата беа вклучени во лаборатории за учење и сесии предводени од експерти се фокусираа на теми како што се ангажманот на приватниот сектор, отпорноста на инфраструктурата и системите за рано предупредување за повеќе опасности

Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) е уникатна иницијатива меѓу засегнатите страни за подобрување на локалната отпорност преку застапување, споделување знаења и искуства, воспоставување меѓусебно зајакнувачки мрежи за учење од град до град, техничка експертиза, поврзување на повеќе слоеви на владата и градење партнерства.

MCR2030 во рамки на Канцеларијата на Обединети Нации има за цел да обезбеди градовите да станат инклузивни, безбедни, еластични и одржливи до 2030 година.