Мис Русија и прва придружничка Мис на светот 2015 Софија Никичук е приведена на рускиот аеродром Внуково поради шверц на накит вреден 12 милиони рубљи.
Девојката во Москва пристигнала од Ница преку Истанбул и поминала низ „зелениот коридор“ за ВИП личности, но морала да чека на царинска проверка. Софија Никичук им покажала на цариниците златен часовник Patek Philippe, два прстени и ѓердан Картие од 750 карати. Таа изјавила дека накитот не го пријавила бидејќи се работи за нејзини лични предмети.
Руската федерална царинска служба известила дека Никичук е осомничена за шверц на стратешки важна стока и за избегнување царински давачки, а доколку биде прогласена за виновна, ѝ се заканува затворска казна до пет години.