Не ми се игра а морам!
Некогашната тенисерка Број 1 во светот Србинката Ана Ивановиќ никако да се врати во старата форма која во 2008 и ја донесе и првата позиција на АТП листата.
Некогашната тенисерка Број 1 во светот Србинката Ана Ивановиќ никако да се врати во старата форма која во 2008 и ја донесе и првата позиција на АТП листата.
По поразот од непознатата литванска тенисерка Савастова во второто коло на турнирот во Индијан Велс Србинката испадна и од првите 50 на АТП листата.
„Се наоѓам во многу безнадежна ситуација. Немам доволно самодоверба да играм а од друга страна морам да настапувам. Сепак кога ќе излезам на теренот најчесто губам и се тоа како да нема крај.“ ја пренесува српскиот Pressonline изјавата на Ивановиќ.
Згодната Србинка не можеше да победи една просечна тенисерка која едноставно ја префрлаше топката преку теренот. „Беше многу фрустрирачки. Имав многу неискористени прилики и сега сум многу разочарана.“ изјави по средбата Ивановиќ.
Во 2010 година Ана играше во полуфиналето на турниот во Бризбејн и второто коло во Мелбурн а сето останато беа порази од кој последниот четврти во низа. За жал ниту промената на тренерот не донесе никаков напредок во играта или пласманот.
{loadposition content9}