Просечно од 50 до 70 пожари во грејната сезона во Охрид
Неисчистени оџаци и дотраени електрични инсталации се главните причинители на пожари во текот на грејната сезона. Само во охридсиот регион се случуваат просечно од 50 до 70 пожари во зима. А од година во година расте ризикот, бидејки се поголем број домаќинствата се греат на дрва.
Покрај големата материјална штета, лани регистрирана е и жртва, во пожар почина една жена.
„ Да внимаваат, да ги одржуваат оџачките канали тие што ги користат за огрев на дрва да ги чистат оџаците, да внимаваат какви електирчни продолжетоци користат да бидат некои со поголема отпорност. Да не вклучуваат електрични греалки на неосоодветни приклучоци сето тоа што создава голем отпор може да напрваи спој и да предизвика пожар.“ – вели Борко Јанкулоски командир на ТППЕ Охрид.
Противпожарната единица во Охрид е екипирана и располага со доволно кадар, техничка опрема и возила.
„ Сите пожарникари имаат нова опрема за дејствување на шумски пожари и Охрид е можеби една од ретките единици каде секој еден припадник професионален пожарникар ја има таа лична заштитна опрема. На почетокот на следната година со проект кој го изработи општината очекуваме големо противпожаорно возило со голема носивост 8 тони вода.“ – вели Јанкулоски.
Најголем проблем е пристапноста на противпожарните возила во Стариот дел на градот Охрид. Поради големиот број паркирани возила, во тесните сокаци, пожарникарите немаат пристап до опожарените објекти, ги повикуваат граѓаните да бидат совесни.
Новинар Соња Рилковска