По повод меѓународниот ден на лицата со дијабет од Охрид, Здружението на лица со дијабет, денес и утре организира низа активности.
Денес, едукативна работилница на тема „Здравје“ ќе биде одржана во хотелот Ројал Вју, а презентација за Вовед во правилна исхрана ќе одржат и Дино Николиќ и Ивана Илиевска. Свои презентации ќе одржат и од „Пирустија Неданоски“ и Сања Бачевски – Sanja’s Microgreens.
Утре на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи мерење на на шеќер во крвта на случајни минувачи, а во хотелот Милениум Палас ќе се одржи предавање на тема „Промени во очите“ од др. Виолета Бучкоска од очната болница „Деница“.
Оваа година, Здружението на лица со дијабет „Охрид“ за прв пат се вклучува во националната кампања ,,Денови на донирање,, за подигање на свесноста, превенција и поддршка на оние кои се соочуваат со оваа болест.