Skip to main content

Угостителите за варијантата пушачи/непушачи

Угостителските објекти со површина поголема од 80 метри квадратни да имаат два дела – за пушачи и непушачи, а сопствениците на помалите сами да одлучат каков ќе биде објектот, дали пушачки или не.

 |  Маја Савиќ  | 
pushenje
пушење
zabraneto pushenjeУгостителските објекти со површина поголема од 80 метри квадратни да имаат два дела – за пушачи и непушачи, а сопствениците на помалите сами да одлучат каков ќе биде објектот, дали пушачки или не

Ова е еден од еден од предлозите на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија што беше соопштен денеска на седница.

Предлогот не е конечен и допрва ќе се прецизира доколку има дополнителни сигестии од членовите на Здружението. Потоа ќе биде доставен до Владата.

– Законот за заштита од пушење што се применува веќе три месеци директно влијае врз економско-туристичката дејност во Македонија, кафулињата, баровите. Во земјава се помалку доаѓаат туристи, а младите поретко ги посетуваат клубовите и наоѓаат забава во сеоседните држави или дома, рече претседателот на Здружението Снежана Јовановска.

Според неа, угостителската дејност е на работ на одржливост. Прифатените измени по предлог на пратеникот Влатко Ѓорчев што ќе бидат во сила до 31 октовмри, нема да го решат, туку само ќе го одолговлечат проблемот.

– Во летниот период ваквото решение може ќе задоволи некои од кафулињата што имаат тераси, но што со оние барови и дискотеки кои немаат, а се во поголем број. Нивната положба е обесправена, истакна Јовановска.

Според Стојмирка Тсевска од Стопанската комора, Законот за пушење воопшто не дошол во Комората, ниту Здружението било вклучено во давање какво било мислење по тесктот.

Презентирајќи ги решенијата во земјите од Европската унија, Тасевска посочи дека целосна забрана за пушење има само во Ирска и во Велика Британија, осум држави дозволуваат да се пуши во посебни простории, а во 17 има делумна забрана.

Претставниците на туристичките агенции оценија дека Законот практично претставува терор за пушачите, а Македонија, ако сака да биде туристичка земја, треба да нуди услови како во Шпанија, Италија, Хрватска и Турција.

Здружението на денешната седница констатира дека се неопходни измени и во Законот за туризам, посебно во делот кој го третира издавањето лиценци за тур-оператори.

– Треба да постојат две категории – тур-оператори и нивни посредници како што предвидуваат законските решнија во Србија и Хрватска, рече Јовановска.

Таа додаде дека не смее во кој било правен субјект да има само еден тур-оператор, туку минимум четворица со соодветно работно искуство.

{loadposition content9}