Skip to main content

Потребна е национална стратегија за справување со пожарите

За поефикасно справување со пожарите, потребна е национана стратегија. Координирано и здружено делување од страна на надлежните институции. НП Галичица ги јакне капацитетите за брзо и ефикасно справување со пожарите. Се обновува амортизираната опрема на ренџерите и возниот парк.
 |  инфодеск  | 

Потребна е национална стратегија за справување со пожарите. Големиот број катастрофални пожари кои ја зафатија земјава пред неколку месеци уште еднаш покажаа дека итно е потребно координирано и здружено делување од страна на надлежните институции. Потребно е и меѓудржавно зајакнување и на соработката со Албанија, за поголема заштита на НП Галичица.

„Морам да кажам дека Бојан Михајловски од министерството за земјоделие со поддршка на Швајцарската амбасада спроведуваат веќе шеста работилница на која сум присуствувал изминативе две години изработуваат готов предмет  кој ќе биде доставен до Владата, како основач на сите јавни претпријатија кои ги стопанисуваат шумите. Без тоа ние бадијала ќе зборуваме илјада авиони да имаме ништо не ни помага ако немаме ресурси превентивни мерки, репресија и  супресија.“ вели за МРТВ Ѓуро Јовчески раководител на ренџери и противпожарна единица во НП Галичица.

НП Галичица ги јакне капацитетите за брзо и ефикасно справување со пожарите. Се обновува амортизираната опрема на ренџерите и возниот парк.

„За среќа имаме сопствен буџет и можеме да си креираме буџет за опремување на сите ренџери вклучително на возниот парк. Контактот со месното населние кое го пофалувам како најзначаен сегмент во нашата соработка. Луѓето во Галичките села се одлични имаат висока свест за чување на паркот. Имаме и тимови  дежурства, нема одмори за ренџерите во текот на летниот период. За жал со кадар е тешко, како се пензионираат тешко се остварува квалитетен кадар за жал.“ , додава Јовчески.

Многу важен сегмент при справувањето се пожарите во една земја е волонтеризмот. Државата мора да дава поддршка за стимулирање на волонтерите, поддршка за  обуки, опрема. Потребни се обучени професионални волонтери кои ќе може да одговорат на задачата.

Новинар Соња Рилковска