Skip to main content

Започнува Фестивал на волонтерски АКТ во Касарна Охрид

Приклучи се на проектот “Активирај, Креирај, Трансформирај!” и станете дел од револуцијата што го менува Охрид! Преку активности кои промовираат одржливост, култура и единство, младите ќе создаваат практики, што ќе би ја дополнувала својата секојдневност и би го збогатил спектарот на согледување, велат од АРХРИД.
 |  инфодеск  | 

На 15ти – 16 ти – 17 ти НОЕМВРИ од 11 – 15 часот, на локација кај втората зграда пеперутка во поранешната Касарна во Охрид ќе се одржува Фестивал на волонтерски АКТ во реализација на колектив АРХРИД.

осле нeколку точки на препреки и адаптации конечно неколку инцијативи преминаа во проект, а до јавноста проектот го доближуваме со концепт на фестивал периодична културна приредба, смотра на уметноста според ДРМЈ со идеја дека периодичноста ќе се повтори и ќе прерасе во декадна историја. Три дена – 9 чина драма на волонтерски дух, ќе се активираме, креираме и трансформираме. – велат од колектив АРХРИД.

Проектот „Активирај, Креирај, Трансформирај“ има цел да ја активира младата популација во Охрид преку серија на активности. Проектот има конкретна цел да ги прошири образовните можности и да ја развие свеста за одржливи градови и заедници преку организирање на активности кои ќе интегрираат концепти на одржливост, култура и свест за јавниот простор. Овие активности имаат за цел да поттикнат активно учество на младите во развојот на иновации и практики кои ќе го унапредат квалитетот на образованието и условите за одржлив развој на градот.

-Приклучи се на проектот “Активирај, Креирај, Трансформирај!” и станете дел од револуцијата што го менува Охрид! Преку активности кои промовираат одржливост, култура и единство, младите ќе создаваат практики, што ќе би ја дополнувала својата секојдневност и би го збогатил спектарот на согледување, велат од АРХРИД.

„Проектот “Активирај Креирај Трансформирај-АКТ” на Архрид Колектив се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 –ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот “АКТ” е кофинансиран одОпштина Охрид”.

За промените во текот на реализација активно информирај се преку instagram arhrid_collective и facebook arhridkolektiv .