Skip to main content

УХМР

Стабилно време со ниски утрински температури

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Денес и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег. Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.

Во Охрид температурите ќе се движат во интервал од 1 до 12 степени Целзиусови.