Мурињо: Моите фудбалери одиграа перфектен натпревар
Жозе Мурињо вели дека е пресреќен поради победата на Интер над неговиот поранешен клуб Челзи, Португалецот има само пофалби за неговите фудбалери.
Се чини дека Жозе Мурињо беше разликата помеѓу Интер и Челзи, Нероазурите и во двата натпревари дојдоа до победа и заслужено одат понатаму.
Мурињо не го крие задоволството по синоќешната победа на Стемфорд Бриџ.
“Јас сум најсреќниот тренер во светот во овој момент” – изјави Жозе Мурињо по натпреварот.
“Ова е голем момент за тимот, голем момент за Интер, за фудбалерите кои имаа проблем да ја поминат оваа фаза од Лигата на Шампионите, сега го направивме тоа”.
“Овој пласман во 1/4 финалето не го заработивме со среќа, туку со работа, благодарение на тимот, кој беше перфектен, и сите фудбалери кои настапија завршија перфектна работа од стартот до крајот на натпреварот”.
“Два пати го победивме Челзи кој е одличен тим. Заслуживме да се пласираме во 1/4 финале”.
“Кажав дека го знам овој стадион, атмосферата, фудбалерите и од таа причина сметав дека е невозможно да се игра дефанзивно на 0-0 со Челзи, па игравме офанзивно”.
“Бевме побрзи и подинамични, голот на Ето е пример за тоа што сакавме да направиме”.
Мурињо не ја прослави победата на теренот, тој и пред последниот свиреж замина во соблекувалната, беше запрашан зошто не ја прослави победата.
“Во соблекувалната славев како никогаш претходно, навистина како никогаш претходно”.
“Ова е фантастична победа за мојот тим, за Интер. Оваа победа потврди дека Стемфорд Бриџ е мојот дом, и дека секогаш победувам тука, со Челзи или без Челзи”.
Жозе Мурињо проговори и за неговиот однос со Карло Анчелоти.
“Никогаш не сум имал проблем со Анчелоти. Можеби имало размена на зборови и шеги, но секогаш имало почит”.
“Доколку имам време, ќе ја посетам неговата канцеларија, и ќе му посакам се најдобро во трката за титулата во Премиер лигата” – заврши Жозе Мурињо.
{loadposition content9}