Skip to main content

Лажни е-меил пораки испратени од име на Фондот за здравствено осигурување

Фондот веќе го пријави случајот во МВР.
 |  инфодеск  | 
Фзом

Фондот за здравствено осигурување на Македонија има сознанија дека се појавија лажни пораки кои им се праќаат на граѓани по електронски пат, на е-меил, а како да е од ФЗО.  

Во лажните пораки,  кои не се испратени од е-меилот на ФЗО, им се укажува на граѓаните дека наводно системот со управување на трансакции на Фондот препознава дека треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.

Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР. Фондот веќе го пријави случајот во МВР, стои во соопштението на ФЗО.