Skip to main content

Костал Македонија планира зголемување на обемот на производство во 2025 год

Европската автомобилска криза ќе се одрази врз работењето на фабрики за автомобилски делови и компоненти што се произведуваат во домашните технолошки зони. Но, не секоја компанија ќе биде погодена на ист на чин од состојбите во автомобилската индустрија во Европа. Во фабриката Костал лоцирана во Охрид засега нема опасност за отпуштање на вработени.
 |  инфодеск  | 

Кризата која ја зафати европската автомобилска индустрија може да има сериозни последици врз македонскиот автомобилски сектор. Продажбите на Фолксваген, Рено, Концернот Стелантис со Пежо, Фијат, Цитроен и Опел се намалени за над 20% во изминатите неколку месеци, тоа заедно со најавите од гигантот Фолксваген за затворање фабрики во Германија ќе влијае врз работата на компаниите во државава кои соработуваат со тие брендови.

Јас би рекол прво што ќе се случи е да има или намалување на растот на компаниите или пак драстично успорување во процесот на нови вработувања кај голем број на компании, или пак кога некој ќе ја напушти работната позиција можеби таа позиција нема веднаш да биде заменета. Ова е нешто со кое цела Европа се соочува, пред се Германија, а ние сме зависни од Германија. – вели Виктор Мизо- генeрален директор на КОСТАЛ Македонија.

Не значи дека секоја компанија на ист начин ќе биде погодена од состојбите во автомобилската индустрија во Европа, посочува генералниот директор на Костал Македонија, Виктор Мизо. Тој за 2025 година најавува зголемување на обемот на производство во фабриката во Охрид дури за 65 проценти споредени со лани.

Нови производи и нови производни линии се веќе лоцирани во Костал и ќе имаме и зголемен број на вработувања. Се трудиме барем ние во нашиот дел на Костал ќе имаме драстично зголемени активности идната година поради нови проекти, но не можам да коментирам за секоај локација на автомобилските компании зависи од нивните клиенти, за кого точно произведуваат и за кој модел на возила, вели Мизо.

Половина од големите фабрики на 4-те најголеми европски производители на автомобили (БМВ, Мерцедез-Бенз, Стелантис, и Фолксваген) работат со преполовен капацитет на производство. Kога на германската автомобилска индустрија и оди лошо, тоа секогаш се одразува на македонската економија. Половина од извозот на државава е кон Германија а најголем дел од него отпаѓа на автомобилските делови и компоненти што се произведуваат во домашните технолошки зони.