Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.
-Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец, санација на постојните клупи, поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување, се вели во соопштението од Општина Дебрца.
Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.