Skip to main content

Почна примирјето меѓу Израел и Хезболах

Договорот за прекин на огнот повлекува „постепено повлекување“ на израелските сили од јужен Либан во следните 60 дена, а на таа територија ќе бидат распоредени либанската армија и државните безбедносни сили.
 |  инфодеск  | 

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапи на сила денеска во раните утрински часови, откако двете страни го прифатија договорот постигнат со посредство на САД и Франција.

Либанската армија, која има задача да помогне во обезбедувањето на примирјето, објави дека се подготвува да се распореди на југот на земјата. Армијата исто така апелираше до жителите на пограничните села да го одложат враќањето во своите домови додека израелските сили не се повлеча, но подоцна автомобили и комбиња натоварени со душеци, куфери и мебел се движеле низ јужниот пристанишен град Тир упатувајќи се на југ, објави Ројтерс.

Фото: X