Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница го прогласи 28 ноември за Ден на жалост на територијата на Општина Охрид поради смртта на Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј.
Седницата започна со едноминутно молчење на советниците и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со што му оддадоа почит на Владиката Тимотеј.
Согласно донесената одлука утре се откажуваат сите културни настани и манифестации на територијата на општината, а знамињата ќе бидат на половина копје.
Светиот архијерејски синод на МПЦ одлучи Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј да биде погребан во четврток, 28 ноевмри, на Плаошник. Во 9 часот во црквата „Св. Софија“ ќе се извршат заупокоената Света Литургија и Опелото. Владиката Тимотеј почина на 25-ти ноември на 73 годишна возраст.