општина дебрца
Советот на Општина Дебрца одобри еднократна парична помош за лекувањето на Теодора
Одобрена енократна парична помош за лекување на малата Теодора Петреска.

На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.
-Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство, стои во соопштението од Општина Дебрца.




