Skip to main content

ухмр

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Денес температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 9 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса изутрина до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а утре на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.

Денес температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 9 до 10 степени Целзиусови.