Црвен крст Охрид ги додели наградите за ликовниот и литературниот конкурс “Животот е убав“ по повод Неделата на грижа за стари лица
Доделени се наградите на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс кој беше објавен во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, под трајното мотото “Сите сме нивни деца“ и овогодишната тема “Животот е убав“, информираат од општинската организација на Црвен крс.
Додаваат дека основната цел на овој конкурс за кој што се покажа огромен интерес беше да се промовира и да се подигне свеста за меѓугенерациската активна и творечка поврзаност, како и давање мотив кај младите, а и целата популација за создавање на дела насочени кон основите на темата дека животот е убав и дека животот ни нуди светлини и перспективи.
Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност до сите учесници на овогодинешниот конкурс, благодарност за прекрасната соработка со основните и средните училишта од Oпштина Охрид и Општина Дебрца, менторите и родителите.