Бислимоски: Не очекувам дека ќе има покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата поголемо од 1%
Денеска на прес-конференција, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ги соопшти цените за пренос на електрична енергија на МЕПСО, за дистрибуција на електрична енергија Електродистрибуција и цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО.
Цената за мрежарина која зафаќа окоу 38 отсто во крајната цена, се намалува за 7 отсто. Предходно мрежарината кај домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега со намалувањето ќе изнесува 2,14 денари.
„Оној дел којшто е најбитен и кој се однесува на домаќинствата и на најголем број на малите потрошувачи, делот од мрежарина, вклучувајќи го и преносот и дистрибуцијата таму имаме намалување за 7%. Во однос на останатите просечни цени, цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија се зголемува за 5,68% пришто влијанието на крајната цена е 4%, цента за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52%, влијанието на крајната цена изнесува 33% и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8% кадешто влијанието е екстремно мало и изнесува само 0,19%. Значи делот од мрежарината којшто го плаќаат домаќинствата и 90% од малите потрошувачи уште еднаш потенцирам се намалува за 7%. Понатака, по носењето на овие одлуки во текот на следните денови ЕВН Хоум како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола цените за домаќинствата и за малите потрошувачи. “изјави Бислимоски.
Покрај сегментот кој го презентира Бислимоски, вториот елемент во цената е понудата на ЕСМ кон Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ.
„Имајќи предвид дека ја знаеме и цената којашто ја пријави ЕСМ на тендерот кај Универзалниот снабдувач која изнесува 62 евра за мегават час (MWh ) јас не очекувам дека ќе има поголемо покачување на просечната цена на електричната енергија за домаќинствата поголемо од 1 %. “ -кажа Бислимоски.
Универзалниот снабдувач ќе ја пресмета финалната цена на електрична енергија, согласно утврдена Методологијата и ќе ја достави до РКЕ. Доколку Регулаторна нема забелешки цените ќе бидат објавени.
Во однос на дополнителниот час со евтина тарифа во текот на денот, Бислимоски рече дека воведувањето на тој час ќе се разгледува напролет.