Претпладне променливо облачно со слаба магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Температурите во Охрид ќе се движат во интервал од 2 до 8 степени Целзиусови.
Следува период на променливо облачно и претежно тивко време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од среда кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.