Во рамки на активностите за увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца, во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е утре, 04.12.2024 г. (среда) да се реализира симулациска показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид (средно угостителско училиште).
Симулациската вежба ќе започне во 10:30 ч, информираат од Црвен крст Охрид.