Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник во регионот
Одделенската наставничка Лила Каранфиловска од ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани е прогласена за најдобар наставник на 7-мата регионална Конференција на најдобрите наставници, директори и образовни лидери во регионот во Велика Горица, Хрватска.
„Иновативната работа на овие наставници е двигател и иницијатор на формални образовни реформи, на кои се повикуваат сите земји во регионот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 наставници од Босна и Херцеговина, Република Србија, Македонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Македонскиот тим од 45 просветни работници, се врати дома со двајца нови полноправни членови на Асоцијацијата, 7 признанија за најдобри наставници, едно признание за најдобар директор, 3 признанија за најдобри штандови на Саемот на образование и признание за најдобар амбасадор за Ксенија Маказлиева Трајческа. Со големо задоволство и гордост ќе го понесам ова признание за: Најдобар наставник во регионот од Асоцијацијата на најдобри наставници и лидери во регионот!“, вели oдделенската наставничка Каранфиловска.
Таа додава дека осмата по ред Конференција ќе се одржи во прекрасниот Охрид, градот кој лулка на словенската писменост и култура и потенцира дека светот на образованието ги брише границите.