Skip to main content

СВР Охрид

Уапсена 19 годишна девојка на охридскиот аеродром, кај неа биле пронајдени девет куршуми за пиштол

На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна од тетовското село Жилче.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Охрид


На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишија од слобода 19 годишна од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.