општина дебрца
Посета на општина Дебрца од страна на учесниците во проектот Fast Forward – младинска размена од Еразмус проект
Учесниците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато.
Во текот на вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени.
Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија, информираат од Општина Дебрца.
Учесниците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот центар на Белчишкото блато, a беа примени од страна на Градоначалникот Зоран Ногачески каде тој ја истакна заложбата на Општината за зачувување на Белчишкото Блато (Сини Вирој), како и негово прогласување за парк на природата и преземените активности на општината за промоција на истото.


