ЈП „Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид започнa со доделување на садови за отпад на домаќинства

Ј.П.„Охридски Комуналец” во соработка со Општина Охрид започна со доделување на садови за отпад од пластика и хартија за домаќинства од определени 4 (четири) улици.
-Ј.П.„Охридски Комуналец” започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и дел од ул.,,Железничка” (потег од кружна сообраќајница на ул.„Железничка” пресек со ул.,,Егејска” до сообраќајната клучка на влезот од Охрид-петља од десната страна од улицата), информираат од јавното претпријатие.

Садовите за депонирање селектиран отпад од пластика и хартија, вкупно 1.200 садови, се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање. Покрај тоа, министерството донира и 56 контејнери со капацитет 1,1 м3 чија намена е депонирање на селектиран отпад од хартија и пластика и истите ќе бидат поставени на фреквентни локации во градот.

–Придобивките од оваа донација се повеќекратни: селекцијата и рециклирањето на отпадот се најдобар начин да се зачува животната средина, се намалува потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата, а од друга страна неговата реупотреба продуцира профит и намалување на количествата на отпад кои завршуваат на депонија, велат од ЈП Охридски Комуналец.
Оттаму напоменуваат дека доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се во рок од 15 дена да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул.,,АСНОМ” бб




