Претседателот на Собранието Африм Гаши денес во официјална посета на Охрид
Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска ќе престојува во официјална посета на Охрид.
Според информациите кои ни ги испратија од неговиот кабинет, тој ќе се сретне со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, ќе оствари посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид, а ќе го посети и семејството Филеви, кое се занимава со изработка на охридски бисери.


