Skip to main content

Трите повредени лица од обезбедувањето на Гаши се во добра здравствена сотојба

Сообраќајна несреќа се случи утрово при доаѓањето на претседателот на собранието во Охрид. Трите повредени лица од обезбедувањето на Гаши кои со возило на МВР излетаа од автопатот во изградба кај Ново Село се во добра здравствена состојба.
 |  инфодеск  | 

Возило од обезбедувањето на претседателот на собранието Африм Гаши при неговото доаѓање во официјална посета на Охрид утрово излета на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близна на Ново Село. Повредените лица од обезбедувањето беа пренесени во болница и се во добра здравствена состојба , според информациите на собранискиот спикер Гаши кој ги посетил повредените во болница. Од директорот на болницата Св Еразмо и докторите, Гаши бил информиран дека нема потешка повреда, но дека ќе бидат задржани на опсервација.

Јас лично ги видов сите тројца припадници на обезбедувањето, сите се добри , контактибилни. Ми кажуваа како се случил настанот . За жал тоа е уште една порака за сите кои работат на патот Кичево Охрид да се работи побрзо и поквалитетно затоа што сите граѓани патат од тоа. Ниту еден од нас не е имун на такви работи, на секој граѓанин може да му се случи . Им посакувам побрзо да оздрават и на никого да не му се случи. “ – истакна Гаши.

Во 10.45 часот утрово во СВР Охрид било пријавено дека на автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на селото Ново Село, општина Дебрца, излетало од патот патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

„ По преземените мерки од страна на полициски службеници утврдено е дека возилото било управувано од 37 годишен полициски службеник од Скопје, а во возилото се наоѓале уште двајца полициски службеници. По укажаната помош на местото на настанот од екипа од Итната медицинска помош, тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. “ – изјави Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршија полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.