Skip to main content

Претседателот на собранието Африм Гаши во прва официјална посета на Охрид

Непосредниот контакт со граѓаните е најважниот елемент во парламентарната демократија и избраниот пратеник не само за време на изборите туку и во текот на мандатот треба да биде достапен, истакна претседателот на собранието, Африм Гаши при денешната посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид. Тој при својата прва официјална посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  Маја Савиќ  | 

Претседател на Собранието на РСМ Африм Гаши денеска беше во посета на Охрид во рамки на проектот Пратениците поблиску до граѓаните преку Пратеничките канцеларии во општините. Гаши се информира како функционираат канцелариите, дали има заинтересираност кај граѓаните за средби со нивните избраници во законодавниот дом. Непосредниот контакт со граѓаните е најважниот елемент во парламентарната демократија и избраниот пратеник не само за време на изборите туку и во текот на мандатот треба да биде достапен, истакна Гаши.

Мислам дека овде е се во ред во Охрид. Нормално дека секогаш може подобро, но според тоа што го слушам од моите колеги пратеници дека има средби, и не само тука, со охриѓани се среќаваат и покрај езеро, но и канцелариите се една од можностите да се видат со граѓаните. Секој петок може пратениците да бидат во контакт со граѓаните. Ние како собрание се обидуваме да не закажуваме седница. Во шест месеци само во еден петок сме имале седница. Но слушам од колегите дека Комисии заседаваат во петок , ќе гледаме да разговараме со претседателите на комисиите да го ослободат тој ден бидејќи и по деловник е планирано петок да биде ден за контакт со граѓаните. “ – кажа Гаши.

Претседателот на собранието при својата прва официјална посета на Охрид оствари протоколарна средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата градоначалникот го информира гостинот за функционирањето на локалната власт и еден од најбитните проекти на актуелното раководство, раздолжувањето на Општината.

-Стана збор и за останатите крупни проекти за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште, прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и спортска сала во с. Лескоец.Двете страни разменија мислења за Охрид како посебна општина во однос на останатите, како најбитен туристички центар заштитен од УНЕСКО кој одлично ја промовира државава во Светов, соопштија од кабинетот на градоначалникот Пецаков.

Првиот парламентарец го посети и семејството Филеви и се запозна со изработката на познатите охридски бисери.