Skip to main content

нп галичица

Патот низ Националниот парк „Галичица“ затворен за сите видови сообраќај

Патот што поминува низ Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови.
 |  инфодеск  | 

Патот што поминува низ Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сите видови сообраќај поради зимските услови. Оваа одлука е со цел да се спречат потенцијални штети на патната инфраструктура и да се осигура безбедноста на посетителите, информираат од Национален парк Галичица.

Тимот на Националниот парк Галичица ве потсетува да ги планирате вашите активности во природата во согласност со зимските ограничувања, се вели во нивното соопштение. Додаваат дека за сите дополнителни прашања или информации, заинтересираните лица може да ги контактираат директно на e -mail: galicica@galicica.org.mk .

Фото: НП Галичица