Skip to main content

Цената на кафето ги руши сите рекорди

Трендовите покажуваат дека цените на кафето ќе продолжат да растат барем до март 2025 година. Според аналитичари, нестабилноста на производството и глобалната инфлација ќе го продолжат овој тренд.
 |  инфодеск  | 
person pouring coffee beans on a machine

Климатските промени, како сушите и поплавите, значително го отежнуваат производството на кафе, а милиони љубители на оваа напивка се соочуваат со растечки цени. Во Македонија, поскапувањата сè уште се умерени, но глобалните трендови покажуваат дека растот на цените ќе продолжи.

Македонија увезува кафе главно од Бразил и Виетнам кои и воедно се најголеми производители. Цените на кафето се тесно поврзани со берзите, каде поскапувањата веќе имаат ефект врз малопродажните цени. Цената на сировото зрно од сортата на кафе арабика во средата го достигна највисокото ниво уште од 1977 година и ја забележа највисоката цена во последните 47 години, пренесуваат светските медиуми. Најновото поскапување е последица на лошите временски услови во Бразил, најголемиот светски произведувач на кафе, климатските промени, геополитичките предизвици, немири и логистички проблеми.

Поголемиот извоз оваа година дополнително ги намали залихите, а сезоната на послабо производство би можела значајно да ја ограничи понудата. Извозот од Бразил порасна за 8,1% во октомври, достигнувајќи 4,9 милиони вреќи кафе за тој месец.

Трендовите покажуваат дека цените на кафето ќе продолжат да растат барем до март 2025 година. Според аналитичари, нестабилноста на производството и глобалната инфлација ќе го продолжат овој тренд.