Акција на МВР поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино
Во моментов се одржува мега акција на Министерството за внатрешни работи каде уапсени се вкупно 29 лица. Преку нивното здружување нанеле штета од 6,5 милиони евра, а веќе познати се првите имиња каде најзвучно е името на Васко Ковачевски кој важи за близок соработник на Зоран Заев.
Големата истрага на МВР е поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино. Утрово има големи претреси во Битола, Велес, Кичево, Скопје. Уапсени се 29 физички лица, а опфатени се и 4 правни лица од повеќе градови.
Покрај Ковачевски, осомничен за кривичното дело Несовесно работење во службата, на списокот на осомничени е и Васко Стефанов, кој го наследи Ковачевски на позицијата генерелен директор на ЕСМ. Комерцијалниот директор на ЕСМ, Ардијан Муча, пак, е осомничен за кривичното дело Злоупотреба на службена положба.
Повеќе информации за настанот од МВР најавуваат во текот на денот.